НАТАЛИТЕТОТ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ВО 2020 ГОДИНА Е НАМАЛЕН ВО ОДНОС НА 2019.

WEB Телевизија во живо

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2020 година се родени вкупно 19 167 деца, од кои живородени се 19 031, а 136 се мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2020 година, во споредба со 2019 година, е намален за 4.1 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.5%, односно на 100 живородени женски деца 106.1 се машки.
Што се однесува за Општина Гевгелија, во 2020 година бројот на новородени деца изнесува 170, 92 машки и 78 женски, од кои во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија се породиле 56 родилки, додека во 2019 година, бројот на новородени деца изнесувал 197, од нив 88 машки и 109 женски, а од нив 57 родени во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија.
Дали причината за ова намалување на наталитетот треба да се бара во пандемијата предизвикана од Ковид-19, или во сето ова свој удел има се поголемото иселување на брачните парови од општина Гевгелија, останува да покаже пописот кој би требало да се одржи во септември оваа година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *