НА ПРВИОТ ПРЕС ВО БУКУРЕШТ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ИЗЈАВА ДАДЕ И ТИХОМИР КОСТАДИНОВ

WEB Телевизија во живо

Македонија веќе е во Букурешт, тренира и се подготвува за историскиот настап на Европското првенство. На првиот брифинг директно од Романија, покрај Барди зборуваше и Тихомир Костадинов. Фудбалерот за врска го најави настапот, зборуваше за подготовките и нагласи дека тимот е спремен.
Костадинов е задоволен од подготовките кои македонските фудбалери ги одработија во Скопје, верува во добар настап на Европското првенство.
„Пријателските натпревари беа добра увертира за Европското првенство. Победата над Казахстан има позитивно влијание врз нашата самодоверба. Одработивме одлични подготовките засега“, вели Костадинов.
„Двата порази од Австрија во квалификациите се минато, не е оптеретуваме со претходниите натпревари. Ова е нов меч, а од тие треба само да извлечеме поуки, да дадеме се од себе и да победиме“.
„Жал ми е што нема да бидат полни трибините. Јас дебитирав во поразот од Австрија во Виена пред 50.000 публика. Криво ми е што сега нема да биде полн стадионот, но знам дека нашите навивиачи кои ќе дојдат ќе бидат најгласни и ќе ни дадат голема поддршка“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *