НА ДЕНЕШЕН ДЕН, ВО СУДИР СО БУГАРСКАТА ВОЈСКА ЗАГИНА ПАНЧЕ ПЕШЕВ, РЕВОЛУЦИОНЕР,КОМПОЗИТОР И ДИРИГЕНТ, АВТОР НА МАРШОТ НА ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА „КО ЧЕЛИК СМЕ НИЕ“

WEB Телевизија во живо

Панче Пешев е роден на 5 јули 1915 година во Велес. На петгодишна возраст, неговото семејство се преселило во Куманово, каде завршил основно училиште и гимназија. Уште како ученик тој ја започнал револуционерната и музичката активност и го посветил својот живот на напредното работничко движење и на музиката.
Пешев учел виолина во Музичкото училиште „Мокрањац“ во Скопје, кај Трајко Прокопиев, како и теориски предмети во Музичкото училиште „Станковиќ“ во Белград. Часови по музика земал приватно кај Јосип Славенски и Јуриј Арбатски.
Во 1931 година тој станал член на СКОЈ, а во 1935 година станал член на КПЈ и бил избран за секретар на Месниот комитет на СКОЈ во Куманово.
Во јануари 1941 година Пешев бил интерниран во логорот Меѓуречје кај Ивањица. Додека бил во логорот, тој основал хор кој ги изведувал народните песни: Старци белобрадци, Млада овчарка, Помниш ли либе Галабо, Борјано, Борјанке и други.
На 14 септември 1942 година, заедно со група од осум политички затвореници од селото Рудник, Велешко, е доведен на стрелање во месноста Пуста кула, но успеал да избега.
Кон крајот на септември 1942 година се приклучил на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Во ноември 1943 година станал борец на Кумановскиот партизански одред, а потоа и на Третата македонска бригада. Како борец на бригадата Панче Пешев ја компонирал музиката на популарната македонска борбена песна од НОВ, која станала Марш на Третата македонска бригада „Ко челик сме ние“.
За време на Мајската (пролетна) офанзива во 1944 година, при враќањето на Бригадата од Егејска Македонија, загинал во судир со бугарската војска во струмичкото село Кушкулија, на планината Плачковица, на 5 јуни 1944 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *