ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 1912 ГОДИНА, ПРЕД СВОЈОТ ДОМ И МАЛАТА ЌЕРКА, ПОДМОЛНО БИЛ УБИЕН ДОБРИ ДАСКАЛОВ, МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР ОД КАВАДАРЦИ

Добри Даскалов е роден во Кавадарци, на 13 ноември 1882 година во свештеничко протестантско семејство. Основното образование и нижа трикласна гимназија завршил во Кавадарци, а потоа продолжил да учи во егзархиската гимназија во Солун. Од Солун своето образование го продолжил во Самоков, Бугарија, каде, во учебната 1896/1897 година, се запишал на протестантското Железарско училиште, заедно со Петар (Пешо) Самарџиев и Петар Јуруков. Tаму ја започнува својата револуционерна дејност и станува член на револуционерниот кружок „Трајко Китинчев“.
Даскалов станал член на ТМОРО во 1901 година и бил борец во четите на Јане Сандански и на Христо Чернопеев. Учествувал во грабнувањето на мис Стон, со која фамилијата Даскалови, како протестантска фамилија од порано имала добри пријателски и деловни врски. Бил избран за делегат на Солунскиот конгрес, но не учествувал на него. Во Илинденското востание се бори во Тиквешијата. Во 1904 година учествува на Прилепскиот конгрес на ТМОРО, а во 1905 година — на Рилскиот конгрес. На 13 јуни 1905 година учествува во Битката со турскиот аскер во кавадаречкото село Ресава. Во 1908 година учествува на Ќустендилскиот конгрес на десницата на ВМОРО. По Младотурската револуција, во 1909 година бил еден од основачите на Народната федеративна партија и член на нејзиното централно раководство.
Подмолно е убиен во Кавадарци на 16 јуни 1912 година по наредба на Тодор Александров. Убиството го организирал Милан Ѓурлуков, а тоа било извршено од страна на Крсто Ристов, бивш четник во четата на Добри Даскалов. Тој го убил Даскалов во моментот кога пред портата на својата куќа ја земал во раце деветмесечната ќерка Невенка.
Во негова чест, во НОБ Тиквешкиот партизански одред го носел неговото име, а денес гимназијата во Кавадарци исто така го носи неговото име.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *