МОНОДРАМАТА „КРОТКА“ И КОНЦЕРТОТ НА ТРИОТО „THE GENTLEMEN“ ГО ЗБОГАТИЈА ПОСТ КОВИД КУЛТУРНИОТ ЖИВОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Домот на културата „Македонија„, се погрижи чествувањето на општинскиот празник „Спасовден“ да го направи вистински културен празник за граѓаните на општина Гевгелија. Четиридневата културна програма по повод Спасовден започна во Народниот театар во Гевгелија со монодрамата „Кротка“, во продукција на Здружение за култура „Транзен“- Струмица. Новелата „Кротка“ е едно од подоцнежните дела на Достоевски и е напишана според вистински настан за кој Достоевски дознал од петербуршките весници – самоубиството на млада, сиромашна девојка, која скокнала од прозорецот, држејќи ја семејната икона во рацете. Во новелата, Достоевски ја слика бурната драма на судирот меѓу две личности, меѓу два пола, меѓу две генерации. Режијата беше на Дејан Ангелов а на сцената го видовме актерот Стојан Велков
Културните настани продолжија со концертот на Трио Џентлмен. Тоа е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор.
Поп-класичнито пеење е веќе познат жанр низ светот, триото е создадено по урнек на веќе познати светски поп-класични состави кои веќе подолг период го изведуваат овој жанр на музика. Од 2015 година, Трио Џентлмен е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава.
На нивниот репертоар се наоѓаат најголеми светски поп хитови, наполитански канцони, латино композиции, руски романси,македонски евергрини, балкански поп композиции…..и сето тоа изведено во поп-класичен манир.
Модерни, елегантни, класични, или едноставно Trio Gentlemen – ете тоа сме ние, велат за себе членовите на ова извонредно трио.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *