М-Р МИРЈАНА КРСТЕВА МАССЕТИ:ОВАА ГОДИНА, СО МЛАДИТЕ И КРЕАТИВНИ УМЕТНИЦИ ОД ГЕВГЕЛИЈА, ПОБЕГНАВМЕ ОД СУРОВАТА РЕАЛНОСТ ВО БЕСКРАЈНАТА ФАНТАЗИЈА НА БОИТЕ И ЅВЕЗДЕНАТА ПРАШИНА!

WEB Телевизија во живо

Најавувајќи ја Годишната изложба на Ликовната работилница при Пионерскиот дом, менторот, м-р Мирјана Крстева Массети ќе истакне:
„За мене е привилегија да се занимавам со иднината, а иднината се децата. Шест години ја водам ликовната работилница при Пионерскиот дом – Гевгелија. Оваа година кога повеќе од се ни беше потребна ѕвездена прашина, а не логика, успеав заедно со членовите на работилницата да измислам патувања, да замислам далечни бои,да размислувам за ,,старомодната,, физичка интеракција. Архитектурата на времето во кое живеевме беше некаков необичен формат. Остана бескрајна само фантазијата на овие исклучително талентирани мали уметници. Запознав свет во кој не ја живеам сегашноста, туку го гледам неговиот потенцијал, визионерски настапувам и верувам во идните достигнувања на децата. Поттиккнувајќи ја нивната креативност, всадувајќи им мала доза алхемија, успевам да ги стимулирам, да ја истакнам нивната индивидуалност и да направам да бидат свои, барем во еден сегмент од животот.“
Изложбата содржи триесетина дела работени во различни техники. You tube премиерата на годишната изложба е закажана за 21 -ви јуни, понеделник, во 17.00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *