ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА НАИДУВААТ НА БАРИЕРИ КОИ ГО ПОПРЕЧУВААТ НИВНОТО СЕКОЈДНЕВНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ. ЗАТОА Е ПОТРЕБНО ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ И ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ

WEB Телевизија во живо

На јавната расправа, на тема „Состојбата и предизвиците на лицата со телесен инвалидитет“, организирана од Центарот за поддршка на НВО- Гевгелија, произлегоа повеќе заклучоци врз база на отворената дискусија за тековната состојба, можностите и новите законски можности и политики за подобрување на личниот, социјалниот и активно вклучување во општествениот живот на лицата со телесна попреченост. На јавната расправа беа поканети и присуствуваа: Томислав Цветковски- советник за Инспекциски надзор за остварување и давање на услуги од социјална заштита – инспектор во МТСП, Сашо Поцков- градоначалникот на општина Гевгелија, Бранимир Јовановски- претседател на Националниот сојуз за лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“, Маријана Тошева- секретар на Црвен крст- ОО Струмица и Даниела Гошева Кангов- претседател на Здружението на граѓани за лица со телесен инвалидитет- Гевгелија. Како и лицата со телесен инвалидитет од општина Гевгелија.
На јавната расправа воведен збор зеде градоначалникот Поцков, при што во своето обраќање изрази благодарност за поканата на јавната расправа.
Претседателот на ЗГ за лица со телесен инвалидитет од Гевгелија, Даниела Кангова Гошев, во своето обраќање посебен акцент стави на бариерите со кои се соочуваат лицата со телесен инвалидитет:
– Иако сме 21 век и за пристапноста на лицата со телесен инвалидитет треба да зборуваме како за веќе решен проблем, сепак, се соочуваме со бариери кои го попречуваат нормалното функционирање. И, тоа поради висината на тротоарите и немањето пристапни рампи секаде, импровизираните вертикални и коси рампи или воопшто немањето обезбеден пристап во јавните институции, немање можност за јавен превоз поради неадаптирани возила и ограничување на можноста за вработување поради претходно наведените причини.
Претседателот на НСЛТИ, Јовановски, во своето излагање истакна дека локалната самоуправа треба да направи добра дијагностика на сите недостатоци во градот кога станува збор за лицата со телесен инвалидитет и да изнајде соодветни решенија опфатени во програмите каде ќе бидат застапени повеќе елементи на пристапност, како би се воспоставил функционален систем за социјална интеграција на ваквите лица. И тоа, најмногу во делот на пристапноста при изградба и реконструкција на улици која зависи од инвентивноста на архитектите. Бидејќи, некои промени не бараат големи фискални импликации, туку бараат поголема свесност. Притоа, ги нагласи и заложбите на НЛСТИ „Мобилност Македонија“:
Цветковски пред присутните ги презентираше новите мерки и измени во Законот за социјална заштита кои се во процедура, а се во корист на лицата со попреченост.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *