КАДЕТИТЕ НА РК „МЛАДОСТ 1977“ ГО ОСВОИЈА ВТОРОТО МЕСТО НА „Ф-4“ ТУРНИРОТ ВО БОГДАНЦИ, А СТОЈАНЧЕ НАУМОВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ИГРАЧ

WEB Телевизија во живо

Вчера, во салата на „Млаз“ во Богданци, во финалниот натпревар од Македонската ракометна кадетска лига, младите надежи на „Младост 1977“ загубија од екипата на „Металург со 21-27. Иако изгубија во финалето тие станаа херои и испишаа нова историја на спортот во Богданци, , стои запишано на фејсбук страната на „Младост 1977“
Во полуфиналето беше совладена кадетската екипата на европскиoт шампион РК Вардар 1961 од Скопје.
И покрај повредите на тројца најдобри играчи сепак младите надежи одигра одличен натпревар во финалето против РК Металург и до самиот крај држеа резултатска неизвесност, но поради заморот, поголемите технички грешки гостите од Скопје дојдоа до победата во големото финале.
Најдобар играч во кадетска категорија во Македонија и Ф-4 турнирот беше избран играчот Стојанче Наумовски !
За „Младост 1977“ настапија Демерџиев Васил, Гошев Петар, Каркалашев Душан, Наумовски Стојан, Николоски Антонио, Чрчев Илија, Попов Борче, Ѓиркиќ Ѓорге, Роглев Илија, Прчев Мартин, Роглев Никола, Гогов Стамен, Котев Леон, Пеев Михаил, Заров Антонио, Атанасов Ѓорѓе, Михајловиќ Марко.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *