ЈУНСКИТЕ ПЕНЗИИ ЌЕ СЕ ИСПЛАЌААТ ОД 29.06.2021(ВТОРНИК)

WEB Телевизија во живо

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.06.2021 година.
Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.06.2021 година.
Исто така, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *