ГЕВГЕЛИЧАНИ ЗА МОМЕНТ СЕ ВРАТИЈА ВО ВРЕМЕТО НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ПЕСНИ И НЕКОГАШНАТА СТАРА ЧАРШИЈА

WEB Телевизија во живо

Во рамките на четиридневната културна програма по повод чествувањето на Заштитникот на градот Гевгелија- Спасовден под покровителство на Општина Гевгелија, во Старата чаршија оживеа духот на минатото. Домот на култура „Македонија“- Гевгелија ја одржа „Ревијата на традиционални носии“, во соработка со Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија и КУД „Јане Сандански“ при НУКЦ „Ацо Ѓорчев“- Неготино. Гевгеличани имаа можност да погледнат народни носии од повеќе етнички предели. Покрај прикажувањето носии, вечерта беше збогатена и со концерт на традиционална музика, со вокално-инструментални изведби на Ансамблот „Бојмија“ и КУД „Јане Сандански“- Неготино.
Денеска, културното чествување завршува со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај, во продукција на Домот на култура „Македонија“- Гевгелија, а во режија на Катица Џишева Дупарова. Во претставата играат: Eлена Брзилова, Силвестер Проле и Каме Ќаев. Поради големата заинтересираност на публиката, а согласно протоколите за огранизирање културни настаани, претставата ќе се одигра и на 12, 15 и 17 јуни, со почеток во 20:00 часот. Билетите за трите закажани термини се распродадени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *