ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ФИЛИП ДИНЕВ НА ПРЕСТОЈНИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР МЛАД МАКЕДОНСКИ ЏЕЗ МУЗИЧАР.

WEB Телевизија во живо

Освен музичкото задоволство кое ги очекува битолчани, на овој фестивал под раководство на реномираниот професор и музичар Сашо Поповски, годинава на гитаристот Филип Динев, ќе му биде биде доделена наградата на најдобар млад џез музичар за 2020 година, насловена по познатиот битолски музичар Гоце Димитровски, кој остави неизбришливи музички траги во текот на својот живот.
Филип Динев инаку е синот на Костадин Динев, членот на легендарната македонска рок група „Зијан“од Гевгелија. Тој моментално живее во Хамбург, Германија каде пред две година ги започна своите магистерски студии. До сега, Филип бил дел од различни групи, како Гоце Стевковски Сепсет, Филип Динев Светло, Harrison’s Quartet, In Between Quartet …, а потоа на една проба на Музичката академија Ференц Лист во Будимпешта ги среќава Пјер Мартин и Дени Ардеј, и го создаваат триото Szvetlo
Станува збор за едно атипично меѓународно џез трио, кое го проширува звучниот пејзаж на класичниот гитаристички трио формат, кој ги спојува класичните и балканските елементи, постојано провоцирајќи спонтаност, а истовремено секогаш остануваат отворени и за други влијанија.
Инаку, Од 01 до 03 јули 2021 година, Битола ќе биде домаќин на четвртото издание на фестивалот „Џез фактори“ (Jazz Factory). Главната програма ќе се одвива во Народниот Тетатар, а дел од оф програмата во кафе- барот „Порта џез”.
И оваа година фестивалот во Битола носи реномирани имиња на џез сцената, од регионот и светот. Фестивалот го отвора настапот на Васил Хаџиманов, Мартин Ѓаконовски, Александар Секуловски.
Програмата продолжува наредниот ден со настапот на Пеџа Милутиновиќ и Drumbooty квинтет, а на третиот ден настапуваат Human touch и Филип Динев трио.
Досега на фестивалот настапиле: Душан Јевтовиќ, Васил Хаџиманов, тапанарот од Израел кој живее во Лондон – Асаф Сиркиз, Тони Китановски , Теодосиј Спасов, Виктор Филиповски, Сашо Поповски трио, Фирс, Молли Тролли Квартет, Скопје Џез Инк, Лина Авшар, Cuarem quartet и Наташа Роџерс, Bramha Amity trio, Антоние AVP проект, AJS quartet, Ирена Благојевиќ, Џоле Грујовски квартет, Кабадајас.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *