„ДА ВОДИМЕ ЉУБОВ А НЕ ВОЈНА“-МАРИН БАБИЌ И ПРИЈАТЕЛИТЕ СО ПОЕЗИЈА И МУЗИКА НЕ ВРАТИЈА ВО РОМАНТИЧНИТЕ ВРЕМИЊА

WEB Телевизија во живо

Прекрасна топла вечер во Народниот театар во Гевгелија, вечер исполнета со љубов, музика и поезија, им приреди на гевгеличани познатиот актер Марин Бабиќ со своите пријатели, на клавијатури, Љупчо Шилоски – Шилото, вокалистите Александра Трајческа и гевгеличанецот, Игор Узунов, како и триото „Bebuli“ составено од Андријана Дукоска на виолончело, Светлана Богданоска Ристоски на флејта и Љупчо Трајаноски на виола. Во улога на модератор, низ програмата водеше, а и пееше, внукот на Бабиќ, водителот Огнен Јаневски.
Со секоја поетска творба, со секоја музичка нумера, се испраќаа пораки на љубов и мир како универзални вредности, насушно потребни денес.
Стиховите кои беа рецитирани на овој поетско музички настан, обоени со прекрасниот глас на Марин Бабиќ се напишани од Ацо Караманов, Жак Превер, Сергеј Јесенин, Огнен Неделковски, … .
Настанот имаше за цел да го разбие секојдневното сивило, да ја промовура македонската вредност и да разведрува. Изобилуваше со пораки за мир и љубов како универзални вредности.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *