ЧЛЕНОВИТЕ НА АК „ 7-МИ НОЕМВРИ“, РИСТО ЧАЛКОВ,НИКОЛА КОВАЧЕВ И ИГОР КОЦЕВСКИ УСПЕШНО НАСТАПИЈА НА СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ

WEB Телевизија во живо

Уште еден успешен настап на членовите на Атлетскиот клуб од Гевгелија. На денешната трка Skopje Run 2021,на која учествуваа над 1000 тркачи, настапија и тројца претставници од овој клуб, Ристо Чалков, Никола Ковачев и Игор Коцевски. Честитки до нив, сите тројца ја финишираа оваа прекрасна трка која се одржа на прекрасно време, со резултати под 50 минути, а најбрз од нив беше Ристо Чалков со време од 41:46.
Честитки и до највисоко пласираните. Во женска конкуренција најбрза беше Адријана Поп Арсова, а во машка Дарио Ивановски.
По успешното прво издание на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ во 2017 година и потоа во 2018, дефинитивно оваа трка прераснува во традиционална трка. Во 2020 година трката не се одржа заради пандемијата Ковид 19.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република С.Македонија.
Насловен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е HalkBanka, а покровител е Агенцијата за Млади и спорт, а огромна помош имаме и од нашите партнери и спонзори. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *