БETОНИРАН И ОГРАДЕН ДВОРОТ ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО ПРДЕЈЦИ.

WEB Телевизија во живо

Во Подрачното училиште во Прдејци, при ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, извршено е бетонирање и оградување на училиштниот двор од северната страна. Како што истакна директорката Жаклина Линкова, секоја година, матичното училиште издвојува средства од сопствениот буџет, се со цел да се подобри училишната инфраструктура и во помалите рурални средини која ќе овозможи подобри услови за одвивање на воспитно-образовниот процес. Со овој зафат, дворот во Подрачното училиште во Прдејци доби нов, уреден лик.
Имено, минатата година, во рамките за подобрување на условите во Подрачното училиште во Прдејци, беше обновен училиштниот инвентар со нови клупи за седење и столчиња за учениците од прво до трето одделение кои следеа настава со физичко присуство. Претходно, во ова училиште, за потребите на учениците и наставниците беа набавени нови табли и ЛЦД- телевизори за реализирање на ИКТ наставата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *