ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ ОРГАНИЗИРА МУЗИЧКА РАБОТИЛНИЦА ЗА СИТЕ ВЉУБЕНИЦИ ВО МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН МЕЛОС

Ансамблот “Бојмија” им овозможува, на сите оние кои на срце им лежи македонската народна музика и мелос, преку организирање на шестмесечна музичка работилница, да се запознаат со македонската изворна музика преку совладување на техниките на свирење на традиционалните инструменти тамбура, кавал и тапан. Предавач ќе биде Сашко Атанасов, дипломиран етнокореолог, и играч од прв ред солист при Државниот ансамбл „Танец“,
Оваа работилница е организирана во соработка со Министерството за култура и Општина Гевгелија, а часовите ќе се одржуваат во Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“. Сите заинтересирани може да се пријават на телефонските броеви на Никола Миовски на телефонскиот број 070 392145 и Димитар Делев, телефонски број 070 542996.
Музичката работилница стратува во петок, 4 јуни, од 15 до 17 часот. Ваше е да се пријавите, а предавачите ќе Ви го пренесат сето знаење кое на крај заедно ќе го презентирате на сцената.
Оваа работилница ќе трае шест месеци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.