ЗЛАТКА ПЕТРОВА, СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“, ВТОРА НАГРАДА НА КОНКУРСОТ ЗА ЛИТЕРАТУРА ВО СТРУМИЦА:„ПИШУВАЊЕТО МИ Е СКРИВАЛИШТЕ ОД РЕАЛНОСТА И ПОТСЕТНИК НА ПРЕКРАСНОТО ДЕТСТВО ПОМИНАТО СО ДЕДО МИ:“

WEB Телевизија во живо

Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица ги објави резултатите од годинешниот литературен конкурс. Според објавените информации, пристигнале повеќе од 200 литературни творби од голем број средни училишта од државата.
Втората награда ја освои Златка Петрова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, под менторство на професорката Бисерка Макревска. Еве што по тој повод ни кажа ученичката Златка Петрова:
 
„Наклонетоста кон пишувањето ми се појави неодамна, кога тргнав во средно и почнав да конкурирам на различни конкурси, со разни наслови и теми. Сепак, врз мене многу влијаеше неочекуваната загуба на мојот дедо Ангел. Поттикната токму од таа огромна загуба, болката и копнежот кои ги чувствувам, потребата да пишувам и творам ми станаа секојдневие.
 
Пишувањето ми стана скривалиште од реалноста и потсетник на прекрасното детство кое ми го подари дедо ми. Полесно ми е да го земам пенкалото и пишувајќи да ги искажам своите чувства и емоции. Едноставно, многу подобро се чувствувам кога ќе успам да ја извадам болката од душата, и споена заедно со спомените и сеќавањата,ќе ја претворам во поема на парче хартија.
 
Искрено, јас сум многу пријатно изненадена од освоената награда, затоа што никогаш немам преголеми очекувања од натпреварите и нештата. Според мене секое учество е успех, безразлика дали она што сме го сработиле било наградено или не, затоа што нашиот труд еден ден сигурно ќе се исплати.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *