ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ „CHANGEMAKERS4ALL“ СО СООПШТЕНИЕ РЕАГИРА ПО ПОВОД ТУЖБАТА ЗА КЛЕВЕТАОД СТРАНА НА ФИРМАТА „G& WASTE SOLUTION“

WEB Телевизија во живо

Здружението на граѓани #ChangeMakers4All е тужено од фирмата “G&O Waste Solution, ДООЕЛ, Скопје“ за претпоставена клевета. Од Здружението се бара оштета од 300.000 денари.
 
• Во демократскиот систем во кој живееме основни улоги на здруженијата на граѓани се: застапувањето на граѓаните, нивно информирање, организирање и одбрана нивните права.
• Изнесените во јавност сомнежи, тврдења и заклучоци Здружението ги базира врз информации претходно изнесени во јавност од релевантни извори, меѓу кои и на официјалната страница на Општина Гевгелија, со што ги користи исклучоците за одговорност дадени во Член 10 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда;
• Постои пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур со која се укинати решенијата на домашни судови во однос на санкционирање на здруженија на граѓани кои дејствувале како „куче чувар“ изнесувајќи во јавност информации кои го засегаат јавниот интерес.
 
Право и обврска на Невладиниот сектор е да ја информира јавноста.
Според нас, целта на поднесувањето на оваа тужба не е остварување на тужбеното барање, затоа што тоа е невозможно, туку заплашување и замолчување на критичарите, отапување на критичката мисла и одземање на слободата на говор.
 
Со други зборови станува збор за Стратешки судски спор против учеството на јавноста во одлучување на важни прашања кои ја допираат (СЛАПП) (A strategic lawsuit against public participation (SLAPP)).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *