ЗАТВОРЕНА КОВИД МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА, ДЕНЕС ПОЧНА РЕВАКЦИНАЦИЈАТА ВО ВАКЦИНАЛНИОТ ПУНКТ.

WEB Телевизија во живо

Вчера беше затворена ковид модуларната болница во Гевгелија откако изминативе десет дена не беа регистрирани новозаболени пациенти од корона вирусот,изјави денеска директорот на Општата болница со проширена дејност,Митко Крџев.
Посочи дека општата болница се враќа во нормален режим на работа и дека доколку се појават нови случаи на заболени од Ковид-19 ќе треба да се јавуваат кај своите матични лекари.
 
–Заболените со лесна клиничка слика ќе бидат на домашно лекување под надзор на матичните лекари,а пациентите со средни и потешки клинички слики,кои ќе бидат детектирани,ќе се препраќаат на понатамошно опсервирање и лекување во регионалните ковид центри,рече Крџев.
 
Од денеска во вакциналниот пункт на гевгелиската болница продолжи имунизацијата на граѓаните со ревакцинација од кинеската ,,Синофарм,,.До сега во Гевгелија се вакцинирани вкупно 1.650 граѓани од кои 1.000 над 60 годишна возраст со кинеската вакцина ,,Синофарм,, и 650 граѓани над 70 годишна возраст со ,,Астра Зенека,,.
Директорот Митко Крџев нагласи дека сите граѓани кои првата доза од вакцината ја примиле во Кавадарци,Струмица или Скопје,ќе мора на истото место во закажаниот термин да ја примат и ревакцината за да не се создаваат непотребни гужви и нервози во процесот на масовната имунизација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *