ЖАКЛИНА ЛИНКОВА: НEKA E ЧЕСТИТ ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ „РИСТО ШУКЛЕВ“, САМО ЗАЕДНО МОЖЕ ДА ИМ ГО ПОКАЖЕМЕ ВИСТИНСКИОТ ПАТ НА НАШИТЕ ДЕЦА

WEB Телевизија во живо

9 –ти мај е денот кога општинското основно училиште „Ристо Шуклев“ го слави својот Патронен празник. По тој повод, години наназад овој празник беше прославуван со пригодна програма во чија реализација беше вложуван голем труд на наставниците и учениците. Но, денес, изјави директорката на ова училиште, Жаклина Линкова, во услови на светска пандемија, наставниот процес се одвива на поинаков начин и во услови какви што ни наметна новото секојдневие, па така и празникот на нашиот патрон го одбележавме на еден симболичен, но и достоинствен начин.

Се положи цвеќе и се изрази почит пред спомен бистата на , Ристо Шуклев, цвеќе се положи и на спомениците од НОБ во центарот на Негорци, учениците цртаа на бетонот во училиштето со креди, цртежи во боја на тема- Моето училиште, додека учениците од историската секција изработија видео за патронот, кој е постиран на ФБ страната на училиштето
При тоа, директорката Линкова ја искористи можноста да упати голема благодарност наставниците и соработниците, за нивното ангажирање во реализација на наставниот процес и до родителите, за нивното трпение, истрајност и поддршка.
Само заедно, истакна Линкова, можеме успешно да ја постигнеме целта- да им го покажеме вистинскиот пат на нашите деца.
Нека ни е честит Патрониот празник на нашето училиште

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *