ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, БРАЌАТА ЧИЈА МИСИЈА ЈА ОДРЕДИ ИДНИНАТА НА СИТЕ СЛОВЕНИ !

WEB Телевизија во живо

Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј!“
 
Колку е извонредно важна и суштинска мисијата на светите браќа Кирил и Методиј говори фактот што денес тие се патрони на Европа – признание дадено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи.
Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“
За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, која што е важна и за иднината на сите Словени.
 
Иницијативата за оваа мисија ја дал моравскиот кнез Ростислав, кој побарал од Византија да му испратат луѓе кои ќе го проповедаат Божјото слово на разбирлив словенски јазик. Тие мисионери биле Кирил и Методиј. Но тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата) и за првите преводи од грчки на словенски јазик, Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.
 
Стефан Тановиќ во своите записи од Гевгелиско вели дека „Св. Кирил и Методиј“ е нов празник кој од скоро почнал да се споменува и да се слави. Го празнуваат само Србите и Бугарите, како Словени, додека Грците не сакат ни да слушнат за него. Бугарите го празнуваат и го присвојуваат како нивни празник, додека пак Србите го празнуваат од општословенско гледиште.
Именден празнуваат: Кирил, Киро, Методиј, Мето…

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *