ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ДО СЕГА ВАКЦИНИРАНИ 953 ЛИЦА, ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ И ЛИЦАТА НА 60 ГОДИШНА ВОЗРАСТ.

WEB Телевизија во живо

200 дози од вакцината „Синофарм“ се новата пратка која пристигна во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Од денеска, продолжува имунизацијата на граѓаните од Општина Гевгелија и општините за кои е надлежна Болницата- Богданци и Дојран, на возраст од 60 години, информираше раководството на болницата.

Согласно, инструкциите од Министерството за здравство и намалената возрасна граница за лица од 60 години, па нагоре. Вакцинирањето ќе се одвива секој работен ден, од 08:00 до 16:15 часот, по редослед на добиените термини преку системот за пријавување на платформата vakcinacija.mk, во новоотворениот вакцинален пункт, сместен во просториите на поранешното Одделение за кожни и венерични болести. Откако е започнато спроведувањето на имунизацијата против КОВИД-19 во Општата болница, досега се вакцинирале вкупно 953 лица над 70 години од Гевгелија, Богданци и Дојран.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *