УТРЕ, ООУ „РИСТО ШУКЛЕВ“ ОД НЕГОРЦИ ЌЕ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК.

WEB Телевизија во живо

Утре, понеделник, 10 мај, симболично, како што налагаат вонредните околности, вработените и учениците од ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци ќе го одбележат празникот на нивното училиште. Како што не информираше директорката на ова училиште, Жаклина Линкова, најпрво ќе биде положено свежо цвеќе на бистата на патронот, цвеќе ќе положат и учениците од прво до трето кои следат настава со физичко присуство, за да потоа ќе биде положено цвеќе и на спомениците од НОБ во центарот на селото.
Потоа учениците ќе цртаат на бетон во училиштето со креди во боја на тема- Моето училиште, ќе испеат една песничка во училишниот двор( за да биде весело).
Историската секција од ова училиште изработи видео за патронот, кој ќе биде постиран на фб страната на училиштето. Членовите на ликовната секција твореа на тема Моето училиште, а нивните цртежи ќе бидат изложени во холот на училиштето. Толку, поскромно годинава, вели Линкова, а од година, здравје, да помине пандемијата па ќе организираме како што приличи.
За име и патрон на училиштето се зема името на учесникот во Народно ослободителната војна, Ристо Шуклев, роден на 25.10.1912 во Негорци а убиен на 4.1.1944, во близина на Гевгелија, кај месноста Мала Река.
Во НОВ активно се вклучува во 1943г. со организирање и достава на храна и облека на партизаните а како вработен во државните служби, имал пристап до доверливи информации, корисни за борците од НОВ.
183729898_941121600051276_7196224128940177671_n
182809155_941123950051041_3657880012052220631_n

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *