ТИХО КОСТАДИНОВ: ЌЕ ДАДАМ СЕ ОД СЕБЕ ЗА ШТО ПОДОБАР ПЛАСМАН НА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ.

WEB Телевизија во живо

Македонската фудбалска репрезентација испиша историја! Македонија се пласираше на европско првенство за прв пат од осамостојувањето.
 
Хероите на репрзентацијата на чело со капитенот – големиот Горан Пандев, а предводена од селекторот Игор Ангеловски го изодеа патот до европско и ја израдуваа целата нација.
Играчот од средниот ред на екипата „Ruzomberok“ од Словачка, нашиот Тихо Костадинов, даде свој придонес во остварувањето на овој историски успех, и со право се најде на списокот на селекторот Ангеловски. Го побаравме Тихо, му го честитавме овој успех и го запрашавме како се чувствува во пресрет на Европското првенство
„ Да се биде дел од најдобрата македонска фудбалска репрезентација, која го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, навистина е прекрасно чувство, ни кажа Костадинов.
 
На нашите навивачи им посакувам да уживаат во нашите настапи и да навиваат за нас, а јас можам да им ветам дека сите ние кои сме дел од оваа репрезентација ќе даваме се од себе во секој меч. Сите сме подготвени да го дадеме својот максимум , за да ја претставиме Македонија во најдобро можно светло. Секако, продолжи Костадинов, амбициите ни пораснаа и се големи, особено по онаа голема победа над Германија. Затоа, одиме на Европско не само да ги одиграме трите натпревари во нашата група, против Австрија, Холандија и Украина, туку и да се бориме за пласман во наредната фаза, зошто да не.“
 
Инаку, Костадинов е роден на 4 март 1996 година во Валандово, игра во средниот ред и веќе четврта година е стандарден член на Словачкиот прволигаш Ruzomberok.
Му посакуваме успех на Тихо Костадинов во репрезентативниот дрес на Македонија и што повеќе минути да настапува на престојното Европско првенство, на негова и наша радост.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *