ТЕОДОРА ГОШЕВА,МАКЕДОНСКАТА НИНА СИМОН:„ МОЈОТ ЖИВОТ Е МУЗИКА. ПАНДЕМИЈАТА МИ ЗАТВОРИ МНОГУ ВРАТИ, НО МИ ГИ ОТВОРИ КРЕАТИВНОСТА И СОЗДАВАЊЕТО ПЕСНИ.

WEB Телевизија во живо

1. Теодора, како го преживеа ова време на пандемија, и што работеше на музички план?
– Пандемијата нѝ затвори некои врати и ги промени нашите планови. Но, колку и да беше тешка изминатава година, беше и успешна за мене бидејќи секојдневно работев со музика и ја насочував својата енергија во креативноста и творењето. Соработував со многу луѓе ширум светот, учествувајќи во нивни проекти. Остварив контакт со странски продуценти кои се појавуваат и во нашата авторска музика. Направив преработки на познати песни кои постојано ги споделувам на социјалните мрежи.
 
2. Кажи ми нешто за твоите почетоци, за наградите и за учеството во Идолот?
– Музиката отсекогаш беше присутна во мојот живот. Еден ден, ми се роди желба и јас да настапам во живо. Беше неочекувано. Само што запловив во музичките води, се случи и учеството на Идолот. Јас секогаш ќе го паметам како едно огромно искуство кое ми подари еден куп незаборавни моменти и мотив да продолжам да го развивам својот талент. Наградите кои ги имам ми се драги и важни, но не повеќе од самите доживувања и сеќавања во врска со нив.
 
3. Те нарекуваат македонска Нина Симон, ти годи ли тоа и која е твоја омилена пејачка од минатото?
– Нина Симон е една од моите омилени уметници на сите времиња и секако може да се препознае одредено нејзино влијание врз мене. Нејзината музика има различен карактер, но се радувам кога ќе слушнам дека некого сум го потсетила на нејзе. Како најголема вокална инспирација би ја издвоила Витни Хјустон.
 
4. Со братот Глигор, ги сочинувате „Г-нотес“ (The G Notes), интересно е што сите песни ги препеувате и на англиски?
– Да, засега имаме песни на два јазика и не нѝ претставува проблем да направиме некоја песна и на друг јазик бидејќи и двајцата сакаме да ги изучуваме јазиците. Како победник на „Француска шансона“ можеби ќе излезе и некоја песна на француски 🙂
 
5. До каде е работата на вашиот албум?
– Работата на вториот албум се заснова на истиот концепт како и првиот, издавање на песните како синглови а потоа правење збир. Веќе имаме издадено две песни кои ќе се најдат на вториот албум и активно работиме на останатите. Нашата музика ја поставивме и можете да ја најдете на светски познатите платформи за слушање онлајн музика: Spotify, Apple Music, iTunes, Deezer, итн.
 
6. Заплови во брачните води, кој во вашиот брак свири и пее, а кој игра?
– Се знае кој свири и пее, а кој игра (WoW) ;D
 
7. Што е она што е најново кај тебе деновиве?
– Овој период ќе излезат две наши песни на кои работев со англиска продукција. Едната ќе излезе сега на 21-ви мај (петок), а за другата сѐ уште немаме утврдено датум. Големо задоволство ќе ми биде ако повеќе луѓе ја слушнат и споделат доколку им се допадне. Time FM премиерно ќе ја пуштат на нивната радио станица, а за сите други новости следете нè на нашата Фејсбук страна и поддржете нè слободно на нашиот Јутјуб канал – The G Notes.
 
За крај, без да откривам многу очекувајте во скоро време уште еден интересен проект што не го спомнав погоре, а вклучува локални музичари и обработува материјал од нашето поднебје.
Додека ги очекуваме сите ние новите проекти, секој кој што сака да ги чуе и види и Теодора и „ THE G NOTES“, нека ги посети нивните социјални мрежи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *