СВАДБИ НА ОТВОРЕНО СЕ МОЖНИ ОД ПРВИ ЈУНИ ?

WEB Телевизија во живо

Има ли шанси, после повеќе од една година, да се дозволи организирање на свадби веќе од први јуни.
Последниот забор за ова прашање ќе го има Комисијата за заразни болести на 15 мај.
Таа ќе треба да одлучи дали ќе одговори позитивно на барањето на угостителите овие прослави конечно да почнат да се организираат во земјава, но и дали ќе ги прифати протоколите што ќе ги предложат организаторите.
Она што е зрак на надеж, е што на овие угостители за прв пат им е кажано дека воопшто ќе се разгледува прашањето за нивно отворање, односно организирање на прослави.
Доколку Комисијата за заразни болести даде позитивно мислење на 15 мај, да се дозволи вакво работење на објектите веќе од почетокот на јуни. Дотогаш би се одредувале протоколи кои би важеле за нивното функционирање, кои исто така треба да добијат согласност од Комисијата.

Она што е извесно, е дека организаторите на свадби ќе бараат гостите да бидат по повеќе на маса, а не по четворица, како што важи за другите угостителски објекти.
„Ќе бараме да се дозволи на маса да седат повеќе луѓе, нема логика да бидат четворица, иако тоа е во ред за обичните ресторани. Но, нашите свадбарски маси се големи, од 1,8 до 2 метра, и сосема логично и безбедно е на нив да седат најмалку по шест лица“, вели Ангеловски.

Исто така, извесно е дека на стартот, сега, би се дозволило свадби да се организираат само на отворено. Значи, тоа ќе мора да биде на терасите и никако во затворените простории на објектите, всушност истото што важи и за сите други локали.
Маски во никој случај нема да се носат. Таков предлог, впрочем, никогаш и немало од организаторите, а и факт е дека маски не се носат ниту во другите угостителски објекти, за кои неодамна се дозволи да работат само на отворено, а од скоро работното време им се продолжи до 22.30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *