СО НОВАТА УЛИЦА ОД МОТЕЛОТ „ВАРДАР“ ДО КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „МИЛЦИ“ ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ИЗЛЕЗ НА АВТОПАТОТ Е-75

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија распиша тендер со кој се бара изведувач за за изградба на новопланираната улица, односно, на стариот пат од кај мотелот „Вардар“ до македонско-грчката граница.
 
Улицата е со должина од 930 м и во првата фаза се предвидува изведување на припремни работи, изведба на долен строј и дел од горен строј на улицата по целата должина.
Со изградба на оваа улица ќе се овозможи делницата на стариот автопат од мотелот „Вардар“ и хотелот „Сенатор“ да се поврзе со веќе изградените улици во „Милци“ и поврзување со автопатот Е-75, со што Гевгелија ќе добие нов излез на автопатот.
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *