САТЕЛИТИТЕ НА ИЛОН МАСК ВЧЕРАВЕЧЕР ПРЕЛЕТАА НАД МАКЕДОНИЈА, ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВИДАТ И ДЕНЕС, ПЕТОК, ВО 21 ЧАСОТ

WEB Телевизија во живо

Воз од сателити прелетаа над небото на Македонија, синоќа околу 21:20 часот и можеа да се забележат со голо око. Станува збор за сателитско соѕвездие на компанијата „SpaceX“ , Старлинк, на Илон Маск кое има за цел да обезбеди сателитски пристап до интернет.

Целта на проектот Starlink на SpaceX е да обезбеди брз пристап до широкопојасен интернет до секаде на планетата. За да се постигне оваа цел, SpaceX планира да лансира околу 30 илјади сателити во орбитата на Земјата. Претставниците на компанијата велат дека ова ќе им овозможи на луѓето што живеат во ретко населени и тешко достапни области да користат Интернет со брзина до 1 гигабит во секунда. Крајниот план на Илон Маск е масовно совездие од 42 илјади сателити.

Според SpaceX, ќе бидат потребни најмалку 360 сателити за да се обезбеди основна услуга, а 720 сателити ќе бидат потребни за умерено покривање.

Во мај 2019 година, SpaceX ги лансираше првите 60 Starlink сателити во ниската орбита на Земјата на ракетата Falcon 9. Од тоа време, компанијата лансираше 420 сателити Starlink во орбитата. Оваа група сателити ќе го зголеми вкупниот број на околу 480.

Ова не се случува за првпат, туку станува збор за проект кој започна на 18 март кога пет групи од по 60 сателити кои во моментов се наоѓаат на висина од околу 280 километри над земјата и полека се доближуваат кон крајната дестинација, односно на висина од 550 километри каде веќе се наоѓаат претходно лансираните сателити.

Соѕвездието се состои од повеќе мали сателити во ниската орбита на земјата, кои работат во комбинација со копнени предаватели.

Проектот изнесува 10 билиони американски долари, и започна во мај 2015 година, а во февруари 2018 година веќе беа лансирани првите два тест летови на сателитски прототипи.

На интернет можете да видите кога ќе биде следното прелетување, а според распоредот сателитите треба да бидат видливи и денес во 21:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *