РОДИТЕЛИТЕ ПРОТЕСТИРАА ВО ГЕВГЕЛИЈА: НЕ САКАМЕ ДЕЦАТА ДА НИ БИДАТ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ГЛУВЦИ, ЗАТОА ВЕЛИМЕ НЕ ЗА ЦЕЛОСНАТА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО!

WEB Телевизија во живо

Покрај главниот протестен марш во Скопје, во организација на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ ,денес во 12 часот пред општинската зграда во Гевгелија се одржа протест против предложениот нацрт закон за учебници и наставни материјали во основните и средните училишта. Информацијата за протестот против дигитализација во училиштата се споделуваше на социјалините мрежи, со апел да се почитуваат мерките за заштита од вирусот, како и да нема верски, партиски и национални поделби и убедувања. На протестот многу родители излегоа и со нивните дечиња, кои со книги во рацете сакаа да покажат дека и тие сакаат да учат од книги. “Законот не е во интерес на иднината на нашите деца и нашата држава”, ,,Книга во рака, да учиме без мака”, се само дел од пораките кои тие ги упатија пред зградата на општина Гевгелија

„Тука сме како родители за иднината на нашите деца. Да ги прескокнеме разликите во нашите убедување во интерес на нивната иднина. Не сме против реформи, и вистина е дека децата се преоптеретени со непотребни информации во учебниците, но сме против воведување на тотална дигитализација и губење на предмети како што се историја и мајчиниот јазик. И сите сме свесни какви ни се финансиските можности за обезбедување на ИТ уреди.
 
Факт е дека МОН не ги консултираа Советите на родители и нас родителите за испланираната нова концепција- Учебниците треба да се исфрлат а децата дома не треба да учат. Ние како родители не дозволуваме децата да ни бидат експериментални глувци, бидејќи резултатите од овој наметнат концепт од МОН ќе се знаат за 5-6 год. Нашите деца не се предмет на експериментирање и имаат целосно право на иднина. Пандемијата покажа и докажа дека на овој начин не можат сите да функционираат. Затоа велиме НЕ ЗА ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА,“ порачаа насобраните родители.
 
 
На протестот се потпишуваше и петиција со која се бара да се повлече предложениот Нацрт закон за учебници. Родителите не се задоволни ниту од, според нив, т.н. дијалог со надлежното министерство. Велат законите се носат без консултации со засегнатите страни. Дополнително бараат нивните деца да се вратат во клупите на настава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *