„РАЃАЊЕ НА БИТИЕТО“- ИЗЛОЖБА НА АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ ВО „ВИОЛЕТА“ ПАРК : СО ДРВО, МЕТАЛ, КОЛОР И ФОРМА ДО НАШИТЕ КОРЕНИ

WEB Телевизија во живо

Пионерскиот дом „Јосип Броз-Тито“, организира изложба на нашиот сограѓанин, магистер Александар Јанев, насловена како „Раѓањето на битието“. За изложбата, ликовната уметница, м-р Мирјана Крстева Массети ќе истакне:
Дрво, метал, колор, форма… Јанев интонирано понира во длабочините на она што сме, на она од кое сме… Суптилно раскажува за почетокот, за генезата , за корените. Тој со својот ликовен израз автентично проникнува во материјалите кои ги експлоатира и создава дела со карактеристична овална форма која симболизира раѓање.
 
Визуелизацијата на делата е отелотворена преку сублимација на повеќе органски и неоргански материјали. Примарно е дрвото, металот и бојата ја акцентираат импресијата, а нејзиното височество формата ја финализира авторовата мисла. Јанев несомено поседува силен креативен имплус и сензибилитет кој допрва ќе ја продлабочи автономијата на неговото творештво.
Оваа интересна изложба ќе биде отворена во четврток, на 27 мај 2021 година, во 19,30 часот, во несекојдневниот амбиент на паркот „Виолета“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *