ПРЕЗЕНТИРАНА ПЛАТФОРМАТА „ЗНАК ЗА БЕЗБЕДЕН ТУРИЗАМ“ И ПРОТОКОЛИ ЗА БЕЗБЕДНО ПАТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА.

WEB Телевизија во живо

„Министерството за економија, од почетокот на годината аплицираше и успеа да добие овластување за имплементација на “ Знак за безбеден туризам“ и протоколи за безбедно патување од страна на Светскиот совет за туризам и патување (WTTC).
 
Со добивање на овој безбедносен печат ние како Министерство за економија бевме задолжени заедно со туристичко-угостителскиот сектор да работиме заеднички за имплементација на овие безбедносни протоколи со што ќе докажеме дека сме безбедна дестинација за сите туристи кои ке ја посетат нашата држава“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на настанот по повод промоција на платформата за имплементација на протоколи за „Знак за безбеден туризам“ (Safe Travels Stamp) и промотивно видео за Македонија како безбедна дестинација за туристи.
 
„Сакам да се заблагодарам на седумте комори и здруженија кои се вклучија и се дел од овој проект и придонесуваат за овие протоколи да се имплементираат во сите сегменти во туристичката индустрија. Апелирам до сите чинители хотели, ресторани, агенции, приватно сместување, алтернативни видови на туризам, изнајмувачи на опрема за туризам, водичи и други правни и физички лица да се информираат за протоколите за преку платформата www.safetravels.gov.mk, истите да ги имплементират и да бараат од комисиите истото да се сертифицира и во нивните понуди да го користат безбедносниот печат.Со тоа ќе докажеме дека сме пред се одговорни и дека сме безбедни“ кажа министерот Бектеши.
 
Платформата www.safetravels.gov.mk која ќе биде почетна точка за сите субјекти од туристичко-угостителскиот сектор заинтересирани да аплицираат за „Знак за безбеден туризам“ ќе биде јавно достапна од крајот на месецот, за што Министерството за економија дополнително ќе ја извести јавноста.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *