ПОЗНАТИ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛАГАЊЕ ДРЖАВНА МАТУРА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА. КАНДИДАТОТ ЌЕ МОЖЕ ДА ОДИ ВО ТОАЛЕТ САМО ВО ПРИДРУЖБА НА РЕЗЕРВНИТЕ ТЕСТАТОРИ.

WEB Телевизија во живо

Елизабета Наумовска, директорката на Државниот испитен центар, вели дека тестовите веќе се отпечатени и се пакуваат.
 
– Останува да се отпечатат уште за предметите Етика и Естетика, како и тестови за предметите од уметничките насоки. Ќе стигнеме да биде сѐ навреме. Планирам да ги потсетам директорите да почнат да ги подготвуваат интерните испити. Базенот на прашања веќе е објавен. Прашањата дали ќе се лесни или тешки е релативно. Ние како ДИЦ побаравме да се има разбирање и да нема трик-прашања и да нема премногу ситничарења, туку да се видат генералните знаења на матурантите – вели Наумовска.
Кандидатот што ќе полага државна матура со себе треба да понесе пенкало што пишува сино, како и други средства предвидени со испитната програма за соодветниот предмет, стои во
 
Правилникот за полагање државна матура. Во документот се посочени и правилата во однос на денот на полагање, за да знаат и тетстаторите и кандидатите како да се однесуваат додека трае тестирањето. Просториите во кои се полага испитот треба да бидат подготвени за полагање најмалку 12 часа пред започнувањето на испитот. Од училниците треба да бидат отстранети сите наставни помагала и учебници. Растојанието меѓу двајца кандидати не треба да е помало од 1,5 метар. Сите клупи треба да бидат свртени во иста насока. За секои 15 кандидати ќе има по еден тестатор.
Просториите треба да се доволно пространи, светли и прегледни. Кандидатот треба со себе да има документ за идентификација – лична карта, патна исправа или ученичка легитимација со фотографија и печат од матичното училиште. На кандидатот што заборавил да понесе документ за идентификација му се овозможува да го полага испитот, по што се известуваат родителите/старателите на кандидатот, кои треба најдоцна 30 минути пред крајот на тестот да го донесат документот за идентификација, во спротивно не му се признава испитот на кандидатот – пишува во Правилникот.
 
За време на испитот тестаторот и кандидатите не треба да носат мобилни телефони и други електронски направи.
На кандидатот што задоцнил повеќе од 15 минути не му се дозволува да полага. За време на испитот, кандидатот може да ја напушти просторијата, но не повеќе од пет минути, заедно со некој од резервните тестатори.
 
Просторијата не може да ја напушти повеќе од еден кандидат во исто време од групата кандидати за кои е одговорен еден тестатор. Кандидатот може во секое време да го заврши испитот. Оценувањето го вршат оценувачи и обучувачи од Државниот испитен центар, а се од редот на средните училишта што реализираат настава по предметот што се оценува – пишува во еден од членовите во Правилникот.
Надлежните предвиделе и казни во случај да има нарушување на процесот на полагање испити.
 
Ако се нарушат правилата за полагање на испитите, има мерки што се степенувани – прво има опомена, па прекинување на испитот (отстранување од испит), како и поништување на сите екстерни испити и забрана за полагање во следниот испитен рок. Кандидатот добива опомена ако поседува хартија, телефон и други електронски направи, ако пишува недолични знаци во тестот и ако разменува информации поврзани со испитот. Ако кандидатот го повторува тоа, тогаш ќе биде отстранет од полагање. Од испит се отстранува кандидатот ако препишува, ако дозволува сопствениот труд да го користи друг кандидат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *