ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ „РАЃАЊЕ НА БИТИЕТО“ ВО ВИОЛЕТА ПАРК СО МНОГУ ЕМОЦИИ И ПРИРОДЕН ДОЖДОВЕН ЕФЕКТ.

WEB Телевизија во живо

И покрај лошото време, Александар Јанев инсистираше, неговата изложба да биде отворена во закажаниот термин и на закажаната локација, омилениот парк на гевгеличани „Виолета“.
 
Тоа се покажа како одлична можност присутните посетители да присуствуваат на отворање на изложба во природен амбиент со амбиенталната „музика“ на грмотевиците и дождовните капки. Честитки за авторот, магистер Александар Јанев, кој со оваа своја изложба, преку овалната форма на своите скулптури, суптилно ни ја раскажува приказната за нашето раѓање, за нашата генеза, за нашите корени.
На отворањето, организирано од Пионерскиот дом „Јосип Броз-Тито, магистер Мирјана Крстева Массети ќе истакне дека Јанев, преку дрвото, металот, колорот и формата, интонирано понира во длабочините на она што сме, на она од кое сме.
 
Уметникот Јанев пак, се заблагодари на сите присутни што, и покрај дождливото време, дојдоа да го проследат отворањето на неговата изложба, која, како што напомена, го исполнила неговото срце, а дождот само создал посебен ефект на неговата приказна, раскажана преку скулптурите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *