ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА АПЛИЦИРА СО ПРОЕКТ „ИЗГРАДБА НА ПУМПНА СТАНИЦА И ДОВОДЕН ЦЕВКОВОД ВО СЕЛО УМА“ НА ПОВИКОТ ОД БИРОТО ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ.

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на 62 седница, со мнозинство гласови, донесе Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во проект за изградба на зафатна градба, пумпна станица и доводен цевковод до постоечки резервоар во село Ума, општина Гевгелија.
 
Имено, населеното место Ума, во моментот има постоечки систем за водоснабдување кој генерално не може да ја задоволи доводната количина на вода, особено, во сушниот период. Со изградба на нов дренажен зафат со собирна комора, пумпна станица и нов потисен цеквовод до постоечкиот резервоaр ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето. За оваа намена од Буџетот на општина Гевгелија ќе бидат одвоени 3.500.000 денари.
Вкупната проценета вредност за овие планирани активности изнесува 20.290.269 денари, од кои 16.790.269 денари од Бирото за регионален развој, а 3.500.000 денари сопствени средства.
 
Со овој зафат ќе се подобри снабдувањето со вода во сушните периоди во селото Ума, со што ќе се подобри квалитетот на животот во ова населено место.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *