ОД УТРЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ МОЖЕ ВО ГРЦИЈА СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ, ПРИМЕНИ ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНА ИЛИ ПРЕЛЕЖАН КОВИД. ГП „БОГОРОДИЦА“ Е ПОДГОТВЕН.

WEB Телевизија во живо

Од утре Грција ги отвора границите за македонските државјани. Веста ја соопшти премиерот Зоран Заев по работна средба со премиерот Мицотакис. Од утре се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени 2 дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела,. Од граничниот премин Богородица пак денес, командирот на ГП Богородица“, Јасмина Аврамска информира дека полициските службеници се целосно подготвени и имаат доволно ресурси да одговорат на потребите на граѓаните.

,, Граничните проверки се подготвени, располагаме со доволен број на полициски службеници, материјално технички средства и се надевам дека ќе одговориме онака како што доликува на овој граничен премин како еден од најголемите гранични премини во државата.,, вели Јасмина Аврамска – командир на ГП Богородица.

-Имаме доволен број на полициски работници и подготвени сме и технички и материјално да одговориме на најавеното отворање на граничните премини со јужниот сосед и покрај тоа што до овој момент од нивна страна немаме добиено никакво известување, рече Аврамска.
Додаде дека вработените полицајци на ГП Богородица и во блиското минато, односно до настапувањето на здравствената криза и затворањето на граничниот премин „Евзони“ ефикасно се справувале и со најголемите гранични гужви кои почнуваа токму во овој период од годината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *