ОД КОРОНА ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ЗАБАВНА ЕСТРАДА ЃОРЃЕ МАРЈАНОВИЌ

WEB Телевизија во живо

Легендата на југословенската забавна музика, Ѓорѓе Марјановиќ, почина на 89-годишна возраст од последиците од коронавирусот.
Како што пренесоа српските медиуми, познатиот музичар бил поврзан на апарати за дишење, а лекарите се бореле за неговиот живот во изминатите денови.
 
Ѓорѓе Марјановиќ е познат југословенски пејач, најпопуларен во текот на шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години на 20 век во СФР Југославија и според многумина најголемата ѕвезда на југословенската поп музика.
Првпат запеал на аудицијата на поп-пејачи организирана од Здружението на џез музичари на Србија, а во наредниот период пеел на многу игранки и забави.
Ѓорѓе Марјановиќ имаше голем број на хитови, а беше добитник и на голем број награди. Роден е во Кучево на 30 октомври 1931 година.
Тој е првиот пејач на популарна музика во Југославија кој паѓаше на колена за време на настапот, плачеше, се тркалаше на сцената, ја фрлаше јакната во публика … Тој ги стопи срцата на народните маси со својот сценски и пејачки изглед, и тоа му донесе огромна популарност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *