„NATURE“: ИСТРАЖУВАЊЕТО НА МЕДИЦИНАРИТЕ ВО ВАШИНГТОН ПОКАЖАЛО ДЕКА КАЈ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 Е МОЖНО СОЗДАВАЊЕ ТРАЕН ИМУНИТЕТ

WEB Телевизија во живо

Според студијата објавена во магазинот „ Nature“ која била спроведена на Медицинскиот факултет во Вашингтон, истражувачите откриле дека имуните клетки кои произведуваат антитела против коронавирусот можат да опстанат во резерва долго време, произведувајќи антитела постојано,
Поблагите случаи на коронавирусот, тврди студијата, ги оставаат пациентите со трајна заштита и дека повторна инфекција од вирусот би била невообичаена. Тие веруваат дека клетките ќе живеат и ќе создаваат антитела до крајот на животот на човекот, а тоа е моќен доказ за долготраен имунитет, како што тврдат тие.
Во текот на вирусната инфекција, имуните клетки кои произведуваат антитела брзо се зголемуваат и циркулираат во крвта правејќи ниво на антитела кое е многу високо. Меѓутоа, еднаш кога инфекцијата ќе престане, поголемиот дел од таквите клетки умираат, а нивото на антитела опаѓа.
 
Сепак, мал дел од тие клетки кои се наречени долговечни плазма клетки, мигрираат во коскената срж и таму се населуваат. Во коскената срж овие клетки непрекинато лачат ниско ниво на антитела во крвотокот за да се заштитат од нова средба со вирусот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *