НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „ПОЛИХИМНИЈА“ 2021 ВО СКОПЈЕ, УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ ОСВОИЈА НЕКОЛКУ НАГРАДИ

WEB Телевизија во живо

Голем успех постигнаа учениците од ООМУ „Васо Карајанов“ на Меѓународниот фестивал Полихимнија 2021, кој оваа година се одржа по шести пат. Учество зедоа ученици и студенти од Република Македонија, соседните земји, но и учесници од Европските земји. Oваа година беа застапени повеќе категории на инструменти за соло и камерна изведба (пијано, хармоника, дувачки инструменти, гудачки инструменти, гитара, соло пеење и камерна музика).
 
Прва награда и учество во Втората етапа на натпреварот кој ќе се одржи од 14 до 16 мај 2021 година во Музејот на Македонската борба во Скопје, освои Благоја Стоев на пијано, од класата на професор Александар Лазаров.
Први награди добија и Вангел Марков, на пијано, од класата на професор Александар Лазаров и Дарија Димитрова на виолина, од класата на професорката Соња Панова
Втори награди добија Јана Димитрова од класата на професорката Соња Панова и Матеа Тунџева од класата на професорката Маја Зафирова.
Третонаградени се Јована Дупарова на клавир, од класата на професор Александар Лазаров и Викторија Каракабакова,на виолина, од класата на професорката Маја Зафирова.
Втората етапа на Меѓународниот натпревар Полихимниа 2021 г. ќе се одржи од 14-16 мај 2021 г. во Скопје. Во Втората етапа на Меѓународниот натпревар Полихимниа 2021 г. “Музички надежи” се квалификуваа најдобрите натпреварувачи од сите категории кои покажале најдобар настап и имале најуспешни резултати во првата етапа,освоиле најмалку 95 бода, Овие натпреварувачи ќе настапат во живо со една композиција по слободен избор со максимум траење од 7 минути и ќе се натпреваруваат за богатиот фонд на награди на натпреварот, : Соло концерт во Париз, Франција, Парични награди за тројцата најдобри натпреварувачи на Полихимнија 2021, Награда за најмладиот успешен натпреварувач, Награда за учество на семинар, Награда за најдобро изведена македонска композиција, и Награда за најдобро изведени композиции од Моцарт, Верди, Вивалди
Сите квалификувани учесници за втората етапа ќе добијат специјална диплома “Музички надежи.”

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *