НА KK„ КОЖУВ“ МОЖЕ ДА МУ СЕ СЛУЧИ ДА ИСПАДНЕ ОД ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА

WEB Телевизија во живо

Кошаркарите на Црн Дрим Грин мобиле на гостувањето во Гевгелија, во салата 26 Април, успееја да го победат домаќинот Кожув во првиот натпревар од плеј аут серијата со 83-80. Иако Кожув го доби првото полувреме со еден поен разлика, иако во последната четвртина водеа со шест поени разлика, сепак екипата од Струга направи пресврт, и го доби натпреварот. За да останат во трката за опстанок во Првата кошаркарска лига, кошаркарите на Кожув, ќе треба да го добијат вториот натпревар, кој што се игра во Струга. Доколку се случи Црн Дрим да извојува победа, тогаш гевгелискиот прволигаш ќе се пресели во Втората лига.

Пантиќ со 28 поени и Стаменковиќ со 19 поени и 11 скокови беа најефикасни во редовите на Црн Дрим, додека прв стрелец на Кожув беше Скот со 22 , пред Пајиќ со 19 поени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *