НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1911 ГОДИНА ЗАГИНА БЛАЖЕ КРСТЕВ – БИРИНЧЕТО„ШТОМ СМЕ МАКЕДОНСКИ ВОЈВОДИ, ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ТРЕБА ДА РАБОТИМЕ

WEB Телевизија во живо

“Македонски борачи бевне и до крај ка се бориме за македонскио народ, а не се бориме за Бугарија или за Србија и Грција, тија сат слободни и си живеат меѓу ними и си пијат по ладните меани, имат прао да пијат оти побрго туриле крфта. Ни треба што сме от македонската земија, треба за Македонија да работиме оти македонските браќа гинат по патиштата и македонските сестри сет обесчестени от клетио Турчин, от мрсниот Турчин… Штом сме македонски војводи, за македонскиот народ треба да работиме, тогај се види да на еден збор не сме можиле да се разбереме за да не се бијеме.”

Блаже Крстев ( 1873, Бирино, Крушевско – 31 мај 1911, Журче, Демирхисарско), со псевдоним Биринчето — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Крстев е роден во Бирино, Крушевско и се вклучил со ТМОРО како организатор и водач. Пред Илинденското востание формирал своја чета со четници од своето село.
 
За време на Илинденското востание, на самиот ден 2 август 1903 година Биринчето заедно со здружените чети на Иван Наумов Алабакот ја нападнал и освоил Крушевската касарна. По освојувањето на градот Крстев со својата чета се борел заедно со четите под раководство на Питу Гули во падините на Крушево и одбиле 6 турски напади кои завршиле со огромни губитоци за Турците.
 
По Илинденското востание, Крстев бил еден од малкуте што останале меѓу народот и правел подготовки за нова борба. Во крајот на 1904 година се вклучил во четата на неговиот соборец од востанието Иван Наумов Алабакот и заминале заедно во Велешко за да се борат против четите на Српскиот четнички покрет кои се појавиле таму веднаш по Илинденското востание.
Во 1905 година заедно со големата здружена чета на Ѓорѓи Сугарев и Иван Наумов Алабакот во Порече и Азот (Велешко) ја извршиле познатата акција против Српските четници. По разочарувањето од Младотурците, Крстев продолжил со борбата, формирајќи реонска чета.
Загинал на 31 мај 1911 година, во борба со турскиот аскер кај Журче Демерхисарско.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *