ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

МЛАДИТЕ УМЕТНИЦИ ОД ООУ „ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ“ И ОВАА ГОДИНА СО УСПЕХ СЕ ПРЕТСТАВУВААТ НА ДРЖАВНАТА ИЗЛОЖБА ВО БИТОЛА

Центарот за култура од Битола, утре, среда, 26 мај 2021 година, ќе ја промовира 46-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, културен настан со најголема традиција во Македонија.
 
Традиционално, секоја година, на оваа изложба учествуваат и учениците од 6 до 9 одделение од ООУ „Владо Кантарџиев, Сара Џиџева, Ивана Грујиќ,Симона Смилевска, ,Тамара Џишева, Весна Димиќ, Лилјана Мајсторова, Теодора Цветковска,Билјана Поп-Димитрова, Деспина Дуганова и Михаела Ризова, под менторство на професорката Адриана Манчева . Учениците се претставуваат со творби изработени со акварел, темпера, гваш, пастел, колаж, молив и други сликарски и цртачки техники.
Најубавите креации на светот ги создаваат детските очи, бидејќи низ нивната визура работите имаат поубави бои, поголема вредност, помагични се…
 
Детската ликовна изложба е еден поттик да инспирираме, да наградиме, да се запознаеме со самите нас и да оставиме нешто трајно, кое ќе говори уште долго… Од година во година, бројот на учесници расте, а со тоа е награден нашиот труд и ентузијазам. Детската изложба инспирирана од народното творештво стана препознатлив знак во нашиот Центар за култура, изјави Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура.
Изложбата е финансирана од Министерството за култура.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.