МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ. ТИЕ СЕ „РБЕТОТ НА ЗДРАВСТВОТО“.ОД СРЦЕ ВИ БЛАГОДАРИМЕ!

WEB Телевизија во живо

На 12-ти мај – ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ, им се оддава почит на сестринството, за хуманоста на медицинските сестри и за нивниот севкупен придонес во општеството. Особено, во ова време на големата пандемија на Ковид 19 во светски рамки. Актуелната корона-криза, како никогаш досега, ги отвори прашањата за местото и значењето на секој професионалец во здравствениот систем и докажа дека медицинските сестри не залудно се наречени „рбет на здравството“.Пандемијата трае повеќе од една година, заразата од вирусот се шири сè повеќе, се исполнуваат болничките капацитети, персоналот е уморен, но солидарноста повеќе е изразена, ротираат голем број на медицински сестри-техничари и од другите градови за помош на пациентите во ковид центрите.

И Медицинските сестри од сите одделенија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија се во првите редови на оваа пандемија, кои работат на едукација, истражување, спречување, лекување и грижа за луѓе со сочувство, нега, еластичност, креативност и големи лидерски способности. Тие и денеска се на своите работни места, продолжуваат со својата професионална обврска , и покрај зголемениот обем на работа, физичкиот и психолошкиот стрес, одделени од своите најблиски и пофалени како херои. Да бидеш сестра, велат тие во еден глас е повеќе од професија. Тоа е пред се максимална посветеност кон пациентите.

Но,и медицинските сестри се луѓе. Тие не се ангели или суперхерои. Тие ги имаат истите потреби и права како и сите други луѓе. Тие се вешти, стручни, високообразовани професионалци кои обезбедуваат холистичка грижа насочена кон луѓето во текот на целиот животен пат. Затоа на овој ден им кажуваме едно големо благодарам на сите оние кои бдеат деноноќно над здравјето на пациентите.

Инаку, Меѓународниот ден на медицинските сестри се прославува во целиот свет секој 12 мај на годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингел. Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи 2020 г. за година на медицински сестри и акушерки, како почит кон 200-годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингел, основач на модерната професија на медицинска сестра.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *