М-Р ХРИСТИЈАН НИКОЛОВСКИ, ВИРТУОЗ И ИЗРАБОТУВАЧ НА ТАПАНИ: ГЕВГЕЛИЈА ИМА МНОГУ ДОБАР МУЗИЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛ, И ЈАС СЕ РАДУВАМ НА НАШАТА НАРЕДНА СРЕДБА

WEB Телевизија во живо

Презадоволен сум од работилницата посветена на традиционалниот инструмент тапанот, ни изјавиМ-р Христијан Николовски, професор во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” и асистент на катедрата за етнокореологија на Музичката академија на УГД – Штип. По завршувањето на ова навистина интересно дружење на заинтересираните гевгеличани кои ја сакаат традиционалната македонска народна музика и звукот на тапанот, со виртуозот на овој инструмент, Николовски, професорот искажа пофални зборови и за организаторот, Домот на културата „Македонија“, така и за присутните на работилницата.
 
„Гевгелија располага со многу добар човечки потенцијал, кој членува во Културно-уметнички друштва и ансамбли. Јас сум презадоволен од работилницата и од одзивот на гевгеличани, со оглед на здравствените услови кои подолго време се присутни во нашата земја, и во светот.Се надевам и посакувам уште вакви средби во вашиот град„, истакна Николовски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *