ЛИЦЕНЦИРАНИОТ ТРЕНЕР ОД МИРАВЦИ, БОЈАНА ТАНОВА, ЕДЕН ОД ТРЕНЕРИТЕ НА ЛЕТНИОТ КАМП ЗА МЛАДИ ФУДБАЛЕРКИ ВО НОВ ДОЈРАН

WEB Телевизија во живо

Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 20 до 27 мај во Нов Дојран го одржа летниот камп за млади фудбалерки родени 2007, 2008 и 2009 година. На самиот камп учество зедоа 40 талентирани девојчиња од цела Македонија кои го сакаат фудбалот. Како што ни изјави Бојана Танова, целта на овој проект е да се едуцираат и селектираат млади девојки, и воедно да се направи селекција на женската репрезентација на фудбалерки У15.
 
Се одржуваа, вели таа, по два тренинга дневно, а со младите фудбалерки вредно работеа, освен мене уште и лиценцираните тренери и професори по физичко образование: Катерина Милевска, Александра Ристовска , Станкица Аранасова, Јовица Блажевски и Росица Коатова. Наша цел, продолжи Танова е да им помогнеме во нивниот напредок и секако, да се надеваме дека во иднина ќе добиеме и репрезентативен квалитет. Исто така, ова е значајно и за нас тренерите бидејќи преку ваква работа и стручно се надоградуваме.
Координатор на овој проект, кој ќе продолжи и во месец јуни, оваа година е Добре Димовски, поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија.
 
По завршувањето на кампот ,тој изјави дека кампот „функционирал одлично и се надева дека успеавме нашето искуство да го пренесеме на најдобар начин и на крајот да извлечеме многу позитивни работи.
Следниот собир на младите фудбалерки е закажан во месец јуни, оваа 2021 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *