ЌЕ СЕ ФОРМИРА ОПШТИНСКИ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО.ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО 2020 СЕ РЕГИСТРИРАНИ 20 АКТИВНИ ДЕЦА ВО РИЗИК

WEB Телевизија во живо

Членовите на Советот на општина Гевгелија донесоа Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско претстапништво на Општина Гевгелија, согласно Законот за правда на децата.
Конституираниот Совет, кој ќе брои 16 членови, ќе има за цел да ги следи состојбите, да покренуваат иницијативи за нивно подобрување и ќе развиваат програми за вклучување на локалната заедница во превенција на детското претстапништво и третманот на деца, сторители на дејствија- кривични дела и прекршоци.
 
Во него ќе влезат преставници на СВР, Центарот за социјална работа, Совет на родители од средното и основните училишта, Унија на средношколци, Адвокатска комора,Здруженија и фондации, Јавен обвинител, Совет на општината и Општинската администрација.
 
Советот како советодавно тело ќе се стреми кон намалување и превенција на претстапничките појави и однесувања кај децата односно младите лица и нивна правилна инклузија во општеството.
 
Престапничкото поведение на младите е секое поведение на поединец, група на млади, кое е противправно, односно општествено неприфатливо, однесување со кое се кршат правните и моралните норми на определено општество и кои, кога тоа е општествено видливо, предизвикуваат спонтано или организирано општествено реагирање со намера да се заштитат општествените добра и вредности, како и самите актери на таквото поведение.
 
Дете во ризик е секое дете кое наполнило седум, а не наполнило 18 години со телесна попреченост или пречки во менталниот развој, жртва на насилство, воспитно и социјално запуштено, кое се наоѓа во таква состојба во која е отежнато или е оневозможено остварувањето на воспитната функција на родителите/или/от, односно старателите/или/от, кое не е вклучено во системот на образованието и воспитувањето, вовлечено во питање, скитање или проституција, кое употребува дроги и други психотропни супстанции и прекурзори или алкохол, а кое поради ваквите состојби е или може да дојде во допир со закон како жртва или како сведок на дејствие кое со закон е предвидено како прекршок или дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *