„ГАРДИЈАН“: КОВИД КАТАСТРОФАТА МОЖЕЛА ДА СЕ СПРЕЧИ. СЕ ДОЦНЕЛО СО ГЛОБАЛНИОТ ЗДРАВСТВЕН ОДГОВОР, И НЕ СЕ УЧЕЛО ОД ЕПИДЕМИИТЕ ВО МИНАТОТО.

WEB Телевизија во живо

Пандемијата на Ковид-19 е катастрофа што можела да се спречи, а милиони луѓе можеле да ги спасат своите животи доколку светот реагирал доволно брзо, е заклучокот на независен панел кој ги критикуваше странските лидери и повика на големи промени за да се стави крај на кризата и да се осигура дека такво нешто веќе нема да се повтори на планетата.

„Постојат многу извештаи од претходните здравствени кризи кои содржат разумни препораки. Да, тие лежат, собирајќи прашина во подрумот на Обединетите нации и на полиците на владите во светот. Нашиот извештај покажува дека повеќето земји во светот едноставно не биле подготвени за пандемијата“, рече Сирлиф.
Извештајот на панелот, со кој претседаваше Хелен Кларк, поранешна премиерка на Нов Зеланд и Елен Џонсон Сирлиф, поранешна претседателка на Либерија, најде слаби карики насекаде во синџирот. Се наведува дека подготовките биле неконзистентни и слабо финансиски поддржани, системот за предупредување бил премногу бавен и премногу благ, додека Светската здравствена организација била недоволно моќна. Заклучено е дека одговорот ги влошува нееднаквостите.
„Глобалното политичко раководство беше отсутно“, се вели во извештајот, пренесува „Гардијан“.
Кларк го опиша февруари 2020 година како месец на изгубени можности да се избегне пандемијата, бидејќи толку многу земји избраа да чекаат и да видат.
„За некои било потребно да се наполнат креветите на единиците за интензивна нега во болниците за да се преземат повеќе активности“, рече таа. На глобално ниво, здравствените работници се тестирани до нивните граници и стапката на инфекции, болести и смртност се зголеми и продолжи да расте.
И Сирлиф се согласува дека ситуацијата во која сме денес можела да се спречи.

„Избувнувањето на нов патоген, САРС-КоВ-2, стана катастрофална пандемија што досега уби повеќе од 3,25 милиони луѓе и продолжува да ги загрозува животите и средствата за егзистенција низ целиот свет. Делумната причина е неуспехот да се учи од минатото“, посочи таа, додавајќи дека мора да се преземат итни мерки.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *