ДОМОТ НА КУЛТУРАТА УСПЕШНО ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ МУЗИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА ПОСВЕТЕНА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ИНСТРУМЕНТ-ТАПАНОТ

WEB Телевизија во живо

Дом на култура “Македонија” реализираше уште една работилница поврзана со традиционалната култура. М-р Христијан Николовски, професор во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” и асистент на катедрата за етнокореологија на Музичката академија на УГД – Штип, успешно го претстави, пред околу дваесеттина заинтересирани гевгеличани, методскиот аспект за начинот и процесот на изработка, техники и стилови на музицирање, како и основни вежби и начин на свирење на традиционалниот инструмент ТАПАН.
 
Самиот Николовски е виртуоз и изработувач на овој инструмент. Ваквиот вид работилници, најавуваат од Дом на култура „Македонија ќе продолжат и во иднина и за нив учесниците не плаќаат никаков надомест.
Инаку, тапанот е удирачки народен инструмент направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тој се свири со две посебни палки: кукуда и прачка. Кукудата се прави од оревово дрво и по облик е нешто налик на луле. Прачката пак е тенка, и обично се прави од кучешки дрен или врба. Тапанџијата го чува тапанот нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно. Предвиден е да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора.
 
За тапанот се знаело уште во неолитот. Во Македонија постојат средновековни ѕидни цртежи (помеѓу 14 и 16 век) со тапанари и други музичари. Ретко се користи како соло инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли. Овој начин на свирење резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и непредвидлив ритмички израз.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *