ДЕСЕТ ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ УЧЕСТВУВАА НА ПРВАТА ТРКА НА ПОЕЗИЈАТА ВО СТРУГА. АТАНАС ЕПОВ ТРЕТ НА 5 КМ, ЕКИПНО ОСВОЕНО Е ВТОРОТО МЕСТО!

WEB Телевизија во живо

Денеска , 10 членови од Атлетскиот клуб „7-Ми Ноември“, трчаа во Струга на првата Трка на Поезијата – Poetry run Struga, а во организација на здружението „Спортски мостови“! На трката учествуваа над 600 спортисти од Македонија, Србија, Албанија, БИХ.
 
Атанас Епов го освои 3-то место на трката од 5 километри со време 17 минути и 47 секунди со само 3 секунди заостанување зад второпласираниот. Уште 3 – ца учесници финишираа на првите 15 места, и тоа Тодор Анчев на 7-то место, дебитантот Ристо Чалков на 12-то и Стојан Делев на 14-то место. Оваа 5 километарска трка успешно ја финишираше и другиот дебитант Кристијан Атанасоски.
Екипно, АК „7-ми Ноември“ во трката на 5 километри го зазедоа високото второ место.
 
На трката од 10 километри, најбрз беше Никола Ковачев со време од 44:00, додека во женска конкуренција Валентина Узунова оствари одличен резултат од 51:17. Трката успешно ја финишираа Бојан Атанасоски, Драгица Атанасоски и Гордана Анастасова.
 
Оваа година ова е најбројно учество на членови на „7-ми Ноември“на една трка.
Струга отсекогаш пленела со својата убавина и уникатност. Овој преубав град истовремено лежи и на езеро и на река и има посебна магија која не сакаме никогаш да згасне. Струга е позната како град на поезијата, па време е да твориме нова поезија: поезија на спортот, на здравиот живот и на младиот дух што засекогаш ќе тлее во душата на стружани.
 
Време беше да се испишат нови страници во градот на поезијата. Заедно да се трча, рецитира и ужива.
„Трчам, значи постојам“ – конкурсот за поезија во рамки на меѓународната спортската манифестација „Трка на поезијата“, го има својот победник. Тричлената комисија составена од д-р Мерсиха Исмајлоска, доктор по филолошки науки, д-р Еди Ќела, доктор по филолошки науки, и м-р Ивана Андоноска Спасовска, магистер по правни науки, одлучи главната награда на конкурсот да ја добие Биљана Тодоровска со својата „Трчам со силата на зборот“. Песната на Тодоровска изобилува со поетска и лична сила, трансформирајќи го хендикепот во метафора за едно поинакво трчање, трчање кое е предизвик, кое зборува за еден храбар начин на живот, полн со инспирацијата што само зборот може да ја понуди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *