ДЕНЕСКА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ СО ЦЕЛ ДА СЕ ИСТАКНЕ НЕЈЗИНАТА КОРИСНОСТ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЧОВЕКОТ

WEB Телевизија во живо

„Во здраво тело здрав дух“ е максима која никогаш нема да излезе од мода, токму заради тоа што е точна. А здравото тело се одржува со грижа за себе и со континуирана физичка активност. Она што им е заедничко на долговечните луѓе е нивната постојана активност, за разлика од современата „кауч култура“. Физичката активност и здравјето се неминовно поврзани. Без оглед на возраста, физичката активност е многу корисна за одржување како на физичкото, така и на менталното здравје. Го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања, како и ризикот од дијабетес, го спречува развојот на остеопороза, ја подобрува издржливоста и мускулната маса и сила, го намалува стресот, го подобрува сонот и го намалува ризикот од депресија и деменција.

Денес се одбележува „Светскиот ден на физичката активност“. Целта на оваа иницијатива наречена „Движи се за Денот на здравјето“ од страна на Светската здравствена организација – СЗО, е да се истакнат придобивките од активниот начин на живот за превенција на незаразни болести, да се промовира здрав животен стил преку спорт и физичка активност.

Ангажирањето за извршување на физички активности се намалува со зголемување на возраста, а во согласност со последните податоци, до 60 проценти од населението во Европа се физички неактивни. Физичка активност не значи само занимавање со спорт. Таа подразбира континуираната активност која може да трае и само половина час дневно а да има здравствени придобивки на долгорочен план. Редовната физичка активност е важна за секого, но е клучна за младите и децата во развој. Современите начини на рекреација и поминување на слободното време со телевизија, интернет и видео игри водат кон прекумерна тежина која може да придонесе кон појава на бројни заболувања како и формирање на штетни животни навики подоцна во животот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *