ДЕНЕС Е 24-ТИ МАЈ, ЕВРОПСКИ ДЕН НА ПАРКОВИТЕ: ЗА ЗДРАВИ ГЕВГЕЛИЧАНИ , ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРКОВИ.

WEB Телевизија во живо

Парковите играат голема улога во во зачувувањето на здравјето на луѓето. Престојот во природа е неопходен за човекот да ја обнови својата физичка и ментална енергија, а заради континуирано урбанизирање, од големо значење е да се создадат повеќе можности граѓаните да престојуваат во природа, велат од Светски фонд за природа (ВВФ).
 
Денеска е Европски ден на парковите, кој се одбележува од 1999 година како иницијатива на Федерацијата на европски национални паркови, во спомен на прогласувањето на првите национални паркови во Европа во Шведска.
Бројни заштитени подрачја низ цела Европа, но и во регионот, го користат 24 мај како покана кон посетителите да се вратат во парковите.
 
Советот на општина Гевгелија по повеќегодишна постапка го донесе деталниот урбанистички план за централното градско подрачје со кој се создадоа услови за уредување на централното градско подрачје, а во тие рамки и за уредување на урбан градски сквер на местото на стариот пазар. Да се надеваме дека наскоро Гевгелија ќе добие уште еден градски парк

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *