ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ОСВОИ ДВЕ ТРЕТИ МЕСТА, ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН И ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА ТРКАТА „КОЗЈАК ВЕРТИКАЛ КИЛОМЕТАР 2021 “

WEB Телевизија во живо

Во организација на ЗАПС “Единак“ од Прилеп , денеска, недела, 9 мај се одржа трката “Козјак Вертикал километар 2021“, а во соработка со ФПСМ, а истата воедно претставува и државно првенство во популарната скајранинг дисциплина “ВК – вертикален километар“.

Од оваа исклучително напорна трка нашата маратонка Валентина Узунова се враќа со две 3-ти места, во генерален пласман и за државното првенство, и со пофалница за освоено прво место во категоријата ветерани. Валентина, во конкуренција на четириесеттина натпреварувачи, успеа да ја помине патеката за време од 1 час и 13 минути.
Инаку, стартот беше лоциран во подножјето на југо-источната падина на Козјак (во близина на рудничкиот коп „Топлица”), до каде се стигнува со издвојување од регионалниот пат Прилеп-Велес (во десно кога се доаѓа од Велес, во лево кога се оди од Прилеп). Стартната позиција е лоцирана на рамнинскиот дел под стрмната козјачка падина.
Од старт, рутата цело време ја следи една од најистакнатите, најстрмни и најинтензивни качувачки гребенски линии на движење со кои се одликува овој дел од планината Бабуна (останатите далеку пострмни гребени веќе се одликуваат со класични алпинистички карактеристики). Стартната, најниска точка од овој „вертикален километар” е на 740 метри надморска висина.
Теренот се одликува со груба, агресивна каменеста структура измешана со тревнати делови, кои подразбираат прилично внимателно движење, не само при вакви интензивни тркачки активности, туку и при планинарско искачување на оваа интензивна дијагонала која во стрмно извишување оди сè до врвот Козјак, со највисока точка на „вертикалниот километар” од 1.747 метри надморска висина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *